Право на користење на повластен билет за паркирање (ПБП) имаат станарите на улицата на која се врши наплата на надоместок за користење на паркинг простор, а во текот на наредниот период се планира да се воведе повластен билет за паркирање и за правни лица, сопственици на недвижнини, трговци поединци, кои имаат или користат деловен простор во зоната во која се наплаќа надоместок за користење на паркинг простор. Условите за добивање на повластен билет за паркирање се објаснети во прилогот ПБП1-Услови за добивање на повластен билет за паркирање.
На повластениот билет за паркиирање (ПБП) не се применува ограничување на времетраењето на паркирање, и истиот се издава за период до 12 месеци.
За корисниците на услугите за паркирање на јавните паркиралишта со кои стопанисува Јавното претпријатие за просторни и урбанистички планови се нудат одредени поволности за следните категории:
Во наредниот период предвидено е да се воведат, дневни, неделни, месечни и годишни билети за паркирање.
Од досегашното работење на паркинг службата, врз основа на барањата на корисниците, се наметна потребата од издавање на дневни и неделни билети за паркирање. Барањето за издавање на Паркинг билет ќе се издава во ИНФО центарот на ЈП за ПУП - Прилеп, како и на сите киосци од ЈП за ПУП - Прилеп. Со купувањето на дневен, неделен и месечен билет на корисниците на ЈП за ПУП - Прилеп му се овозможува да ги користат по овластена цена каде бројот на влезови - паркирања е НЕОГРАНИЧЕН и исто така времетраењето на паркирање е неограничено. Со тоа се овозможува поголем степен на слобода за корисниците на услугите на ЈП за ПУП-Прилеп односно подигнување на нивото на квалитетот на живеење.
Вредносен билет за паркирање т.е. ГРЕБКИ
Билетот за паркирање - гребки се користи во случај кога корисникот нема можност да прати СМС порака, од најразлична причина (немање на кредит на телефонот, забрана за таков вид на услуги, немање на мобилен телефон и сл.). Билетот за паркирање важи само еднаш и само за еден час. Доколку возачот има намера да паркира подолго од еден час истиот треба да стави по една гребка за секој час што планира да биде паркиран. Билетот за паркирање може да се купи во најблиската трафика од ЈП за ПУП. Ги има на располагање за секоја зона одделно. По доаѓањето на паркинг местото возачот е должен на билетот за паркирање - гребка да изгреби година, датум и час на паркирање, и гребката да ја остави на видно место - на предното ветробранско стакло - шофершајбна.
Зголемување на површините за паркирање
Со појавата на трендот на зголемување на степенот на моторизација и бројот на регистрирани моторни возила во Градот, одделението за стопанисување со паркинг простор воспостави нови паркинг простори се со цел да се излезе во пресрет на новонастанатата ситуација...
Повеќе..:: За корисниците на услугите за паркирање во расположливиот простор, согласно нивните потреби и местоположбата на живеење воведени се повластени билети.
:: За корисниците на услугите за паркирање во расположливиот простор, согласно нивните потреби и местоположбата на живеење.