-----------
ЈАВНО ПРЕТПРИЈАТИЕ ЗА ПРОСТОРНИ И УРБАНИСТИЧКИ ПЛАНОВИ

:: Одделение за стопанисување со паркинг простор

Историјат на ЈП за ПУП

Јавно претпријатие за просторни и урбанистички планови е формирано на 09.07.2004 година во Општина Прилеп, со цел изработка на просторни и урбанистички планови.
Во текот на 2007 година по согледувањето на потребите од организација на јавните паркинзи, како и организирање на сообраќајот во градот, се јави потреба од проширување на дејноста на ЈП за ПУП. По пат на делегирана надлежност на ЈП за ПУП му е доделена надлежноста да стопанисува со Јавните паркинг простори на подрачјето на Прилеп и истото освен Одделението за просторно и урбанистичко планирање, е надоградено со уште неколку нови оддели- Одделение за стопанисување со Паркинг простор и останати придружни активности во копнениот сообраќај, Одделение за технички активности и инженеринг, Одделение за одржување и ажурирање на просторно информативниот систем на податоци-ГИС и Одделение за општи и заеднички работи.
Целта на Одделението за стопанисување со паркинг простор е воспоставување на ред во стационарниот сообраќај во градот. За потребите на паркинг службата, техничкото одделение, прилагоди, уреди и изведе паркинг простори, на до тогаш, неупотребливи или несоодветно употребани простори.  Вградена е урбана опрема и исцртана е хоризонтална сигнализација со што е потенцирана новата намена на тие простори. Задачата на вработените во таа паркинг служба, заедно со техничкото одделение  е и одржување и обновување на истите. Со појавата на трендот на зголемување на степенот на моторизација и бројот на регистрирани моторни возила во Градот, одделението за стопанисување со паркинг простор воспостави нови паркинг простори се со цел да се излезе во пресрет на новонастанатата ситуација. Така во моментов воспоставени се поголем број на отворени паркинг простори како и паркирање во Катна гаража.
Задачата на Пајак службата, која е дел од Одделението за стопанисување со Паркинг простор е да помогне во регулирање на сообраќајот и да не дозволи неправилно или непрописно паркирање кое паркирање понатаму може да предизвика пречки во нормалното одвивање на динамичкиот сообраќај и функционирање на градот во целина. Пајак службата работи во соработка и по наредба на полицијата.


ОРГАНИЗАЦИЈА
Претпријатието е организирано во рамки на сектори според однапред утврдена Програма и План за работа. Го сочинуваат следните оддели:

  • Одделението за урбанистичко планирање и проектирање
  • Одделение за стопанисување со паркинг простор и останати придружни активности во копнениот сообраќај
  • Одделение за одржување и ажурирање на просторно информативниот систем на податоци-ГИС
  • Одделение за технички активности и инженеринг
  • Одделение за општи и заеднички работи

Програмата за работа на ЈП за ПУП поконкретно Паркинг и пајак службата е финансирана од сопствени извори на приходи по пат на наплата од: паркиралишта и од неправилно или непрописно паркирани возила.

Последни активности

Latest Project

Зголемување на површините за паркирање

Со појавата на трендот на зголемување на степенот на моторизација и бројот на регистрирани моторни возила во Градот, одделението за стопанисување со паркинг простор воспостави нови паркинг простори се со цел да се излезе во пресрет на новонастанатата ситуација...

Повеќе..

Поважни настани

Воведување на повластени билети за паркирање

:: За корисниците на услугите за паркирање во расположливиот простор, согласно нивните потреби и местоположбата на живеење воведени се повластени билети.

 

Воведување на дневни, неделни, месечни и годишни билети за паркирање

:: За корисниците на услугите за паркирање во расположливиот простор, согласно нивните потреби и местоположбата на живеење.

 

Повеќе..