-----------
ЈАВНО ПРЕТПРИЈАТИЕ ЗА ПРОСТОРНИ И УРБАНИСТИЧКИ ПЛАНОВИ

:: Зони за паркирање

Поделба на просторот за паркирање

Паркинг просторот во градот Прилеп е поделен на четири зони и тоа Црвена, Жолта, Зелена и Плава зона. Поделбата на зоните е извршена според близината до централното градско подрачје (ЦГП). Во Црвената зона максималното времетраење на паркирање изнесува 4 часа, исто така и во Жолтата зона времетраењето на паркирање е ограничено на 4 часа, по што возилото треба да биде преместено. Во Зелената и Плавата зона нема ограничување на времетраењето на паркирање.


„А“ - Црвена зона претставува строгиот центар на градот и во оваа зона припаѓаат:

  • Зоната на смирен сообраќај околу старата чаршија и
  • паркирање на дел од булеварот Гоце Делчев и тоа во делот од крстосницата со ул.Браќа Ламески (кај зграда Македонија) се до крстосницата со ул.Прилепски бранители (поранешна Градска кафеана).

„Б“ - Жолта зона е во непосредна близина на строгиот центар на градот и во оваа зона припаѓаат следните паркинг простори:

  • паркирање на дел од булеварот Гоце Делчев и тоа во делот од крстосницата со ул. Прилепски бранители (поранешна Градска кафеана) се до крстосницата со ул.Кузман Јосифоски (кај дом на култура Марко Цепенков).
  • Паркирање на ул.Кузман Јосифоски (кај дом на култура Марко Цепенков) - улично паркирање и паркирање на паркинг просторот пред дом на култура Марко Цепенков
  • Паркирање на ул.Прилепски бранители од крстосницата со булеварот Гоце Делчев (поранешна Градска кафеана) до крстосница со ул.Мице Козар (до Бензинска Макпетрол - центар)
  • Паркинг простор на ул.Браќа Ламески (зад драгстор Игор)

„Ц“ - Зелена зона во која припаѓаат следните паркинг простори:

  • паркирање на дел од булеварот Гоце Делчев и тоа во делот од крстосницата со ул. Кузман Јосифоски (кај дом на култура Марко Цепенков) се до крстосницата со ул.Димо Наредникот (кај хотел Липа).
  • Паркинг простор на ул.Ленин (кај поранешен полигон за полагање на возачки испит)
  • Ул.Кеј 1ви Мај во делот од СОУ „Кочо Рацин“ до крстосница со ул.Сотка Ѓорѓиоска.
  • Ул.Кеј 9ти Септември од крстосницата со ул.Сотка Ѓорѓиоски до крстосницата со ул.Мирче Ацев
  • Паркинг простор спроти стара општинска зграда

„Д“ - Плава зона во која припаѓаат следните паркинг простори:

  • Ул.Кеј 9ти Септември од крстосницата со ул. Мирче Ацев до крсосницата со ул.11ти Октомври
  • Ул.Сотка Ѓорѓиоски од ул.Кеј 9ти Септември до ул.Александар Македонски.

Последни активности

Latest Project

Зголемување на површините за паркирање

Со појавата на трендот на зголемување на степенот на моторизација и бројот на регистрирани моторни возила во Градот, одделението за стопанисување со паркинг простор воспостави нови паркинг простори се со цел да се излезе во пресрет на новонастанатата ситуација...

Повеќе..

Поважни настани

Воведување на повластени билети за паркирање

:: За корисниците на услугите за паркирање во расположливиот простор, согласно нивните потреби и местоположбата на живеење воведени се повластени билети.

 

Воведување на дневни, неделни, месечни и годишни билети за паркирање

:: За корисниците на услугите за паркирање во расположливиот простор, согласно нивните потреби и местоположбата на живеење.

 

Повеќе..