Паркинг просторот во градот Прилеп е поделен на четири зони и тоа Црвена, жолта, зелена и плава зона. Поделбата на зоните е извршена според близината до централното градско подрачје (ЦГП). Во Црвената зона максималното времетраење на паркирање изнесува 4 часа, исто така и во жолтата зона времетраењето на паркирање е ограничено на 4 часа...
Повеќе..Услугата за СМС паркирањето е лесен и брз начин за плаќање за паркирањето преку мобилен телефон. Со воведување на оваа функционалност, на корисниците им е овозможено на полесен и поедноставен начин да закупат паркинг простор, услугата е поудобна за корисниците, се дава можност на корисниците за плаќање на паркинг билетот по лесен и удобен начин...
Повеќе..На корисниците на услугите за паркирање во расположливиот простор, согласно нивните потреби и местоположбата на живеење.
Повластени билети
Регуларни билети
Вредносни билети (ГРЕПКИ)
Општина Прилеп во координација со Министерството за транспорт е во фаза на изработка на План за одржлива урбана мобилност (Susteinable Urban Mibility Plan – SUMP) , чии резултати во иднина ќе придонесат во подобрување на пристапноста, промовирање на здравјето и безбедноста на граѓаните, поддршка на економскиот раст и ублажување на влијанијата врз животната средина.Сето ова ќе се постигне преку подобрување на патната инфраструктура, промовирање на одржливи начини на транспорт и усвојување на иницијативи со ниска содржина на јаглерод, насочени кон намалување на емисиите и оптимизирање на протокот на сообраќај, што за градот Прилеп ќе биде од големо значење. За подобро идентификување и дефинирање на проблемите со кои се соочуваме во Прилеп, Ве молиме да одвоите десетина минути од вашето време и да го пополните овој анкетен прашалник. Однапред Ви благодариме !!
линк до прашалник: SUMP Vision Survey
:: За корисниците на услугите за паркирање во расположливиот простор, согласно нивните потреби и местоположбата на живеење воведени се повластени билети.
:: За корисниците на услугите за паркирање во расположливиот простор, согласно нивните потреби и местоположбата на живеење.